Германија сака што поскоро да им посака добредојде на земјите од Западен Балкан во ЕУ, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
– Албанија добро напредува кон членството во блокот – рече Шолц на прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека билатералните односи меѓу Германија и Албанија се одлични и дека неговата влада ќе остане „сигурен партнер“ во обидот на Тирана за пристап во ЕУ.
Интеграцијата на шесте земји од Западен Балкан во Европската Унија е од стратешко значење за мојата влада, изјави Шолц.
„Се надевам дека наскоро ќе ве поздравам во Европа“, додаде Шолц, пренесува италијанската новинска агенција Анса.
Шолц му се заблагодари на Рама за поканата во Албанија за следниот 16 октомври, за новиот состанок на „Берлинскиот процес“, за европската интеграција на Балканот, кој првпат ќе се одржи во регионот.
„Германија останува сигурен партнер на патот кон членството во ЕУ“ – заклучи Шолц.