Шолц: Апликацијата на Турција за членство во ЕУ не е поврзана со приемот на Шведска во НАТО

by Fokus

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека кандидатурата на Турција за членство во ЕУ не е поврзана со приемот на Шведска во НАТО.

По денешните изјави на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека кандидатурата на Турција за членство во ЕУ не е поврзана со приемот на Шведска во НАТО, пренесува Гардијан.

„Турција чека пред вратата на ЕУ повеќе од 50 години, а речиси сите земји-членки на НАТО сега се членки на ЕУ“, рече Ердоган.

Шолц рече дека „Шведска ги исполнува сите услови за членство во НАТО“ и додаде: „Другото прашање не е поврзано со тоа и затоа мислам дека не треба да се гледа како поврзано прашање“.

Според „Гардијан“, Ердоган не кажал јасно дали прашањето за кандидатурата на Анкара за влез во ЕУ е навистина нов услов за прием на Шведска во НАТО или тоа е едноставно прашање што Турција сака повторно да го постави.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно денеска изрази поддршка за амбициите на Турција да стане членка на ЕУ.

Ројтерс објави дека портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа рече дека САД секогаш ги поддржувале аспирациите на Турција за членство во ЕУ и дека продолжуваат да го прават тоа, но додаде дека разговорите се прашање меѓу Турција и членките на блокот.

Поврзани новости