Шок во Њујорк – Ѓоковиќ елиминиран од УС Опен

by Fokus

Новак Ѓоковиќ беше елиминиран од УС Опен веќе во третото коло. Алексеј Попирин беше подобар од актуелниот шампион со 6:4, 6:4, 2:6, 6:4.

Очајните сервиси го чинеа Ѓоковиќ бидејќи овој пат беше далеку од неговото ниво.

Ова беше негово најрано излегување од Грен слем од Австралија Опен од 2017 година.

Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Попирин доцнеше добар час и 20 минути во однос на предвидениот термин, па таа телевизиска програма мораше да се пополни. Така, во ТВ преносот беше виден детал кој инаку можеби немаше да стигне до екраните.

Имено, Новак Ѓоковиќ се пожали на проблеми со стомачните мускули на натпреварот против Ласл Џеро, а се чини дека проблемот не престанал.

Многумина сметаат дека тоа е причината за страшниот настап на Ѓоковиќ. Пред се, кога е во прашање сервисот (првиот сервис го погодува под 50 проценти), но и форхендот, кој е далеку од таа поразителна моќ.

Камерите тајно го снимиле Ѓоковиќ како лежи на земја, додека Миљан Амановиќ, физиотерапевт, му помага со масажа и притисок на болното место.

Таа фотографија набрзо се прошири на социјалните мрежи и покажа дека многумина се сомневаат дека проблемот е уште посериозен.

-Им честитам нему и на неговиот тим. Беше подобар и заслужи да победи. Што се однесува до мене, од самиот почеток на турнирот, како играв и како се чувствував, третото коло е успех. Играв можеби мојот најлош тенис досега , а мојот сервис никогаш не бил полош, изјави Ѓоковиќ по поразот.

Поврзани новости