365
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска ја оцени украинската контраофанзива како целосен неуспех, но рече дека ситуацијата е тензична во делот на јужниот регион Запорожје, кој е под контрола на Русија.
-Вооружените сили на Украина не ги постигнаа своите цели на ниту еден фронт, изјави Шојгу, а изјавата ја пренесе Министерството за одбрана.
Преземајќи ја контролата врз делови од Украина, Русија воспостави копнен мост кон Крим, полуостровот на Црното Море што го анектираше во 2014 година.
-Најтензичната ситуација е на фронтот во Запорожје. Непријателот ангажираше бригади од својот стратешки резерват чиј персонал беше обучен од западни инструктори, рече Шојгу.