Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека Украина загубила речиси 14.000 војници од почетокот на месецов.
Тој на колегиумот на Министерството за одбрана изјави дека руската армија „продолжува да го намалува офанзивниот потенцијал на вооружените сили на Украина во сите правци“.
Шојгу рече и дека испораките на дронови за вооружените сили на Русија се зголемени за 16 пати во однос на почетокот на претходната година, пренесува Танјуг.
„Во споредба со почетокот на претходната година, испораките на главните видови ракетно и артилериско оружје за вооружените сили на Русија се зголемија за 4,9 пати. Испораките на оклопни возила се зголемени за повеќе од три пати, а испораките на беспилотни летала се зголемени за 16 пати“, рече Шојгу, пренесе Тасс.
Шојгу додаде дека испораките на муниција се зголемиле за 12 пати, додека испораките на високопрецизни ракети со долг дострел се зголемиле за 5 пати.