Шојгу: Намерно забавивме во Украина за да ги намалиме цивилните жртви

by fokus

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека Русија намерно ја забавила својата воена кампања во Украина, поради, како што вели, потребата да се намалат цивилните жртви.

– Се прави сè што е можно за да се избегнат цивилни жртви. Се разбира, ова го успорува темпото на офанзивата, но ние го правиме тоа намерно, изјави Шојгу на состанокот во Узбекистан на министрите за одбрана од Шангајската организација за соработка.

Руските трупи постигнаа мал напредок во последните месеци откако беа истиснати од Киев во првите недели од војната.

Поврзани новости