Шоферот кој ги возеше новите заразени од Италија нема коронавирус

by Фокус

Министерството за здравство информира дека возачот на автобусот со кој допатуваа двајцата ново-заболени пациенти е негативен на корона вирус.

Тој денеска со нова тура патници од Италија беше пречекан на граничниот премин Табановце.

Автобусот беше тргнат на страна, а до добивањето на резултатите од тестот тој и патниците беа во неколку-часовна изолација во објект на Царинската управа на граничниот премин.

„До истекот на 14-иот ден од периодот на инкубација, пресметано од последниот ден на контакт со заболените (27 февруари), шоферот, со решение на ДСЗИ, останува во домашна изолација, под здравствен надзор на епидемиолозите“, наведуваат од Министерството за здравство.

Поврзани новости