653
Македонскиот претставник во Конференциската лига „Шкупи“ го заврши настапот во европските купови, откако вечерва загуби на гостувањето во Софија од „Левски“ со 1-0 и со вкупен резултат од 3-0 е елиминиран во второто квалификациско коло.
Македонскиот претставник своите најголеми шанси ги имаше во самиот финиш. Цефас беше најблиску да постигне гол, двапати се закани, но неговите удари успеа да ги одбрани Андреев.
Второто полувреме беше продолжено за 10 минути бидејќи главниот судија веќе не можеше физички да го издржи натпреварот, по што дојде до мал прекин, па на терен излезе неговата замена.
И кога сите помислија дека овој дуел ќе заврши без голови, во 101 минута Петков го запечати натпреварот.