834
Прволигашот Шкупи ќе треба да си бара нов тренер, откако Зекирија Рамадани поднесе оставка.
Тренерското место во Шкупи остана испразнето како резултат на неочекуваниот пораз вчера во Купот на Македонија од нисколигашот Кит Го.
Рамадан преку социјалните мрежи оставката ја оцени како морален чин.
– Не ги остваривме очекуваните резултати изминатиот период и поради тоа одлучив дека треба да ја напуштам тренерската позиција. На клубот му посакувам многу успех во иднина, изјави Рамадан.
Се очекува во најскоро време раководството на Шкупи да именува нов шеф на стручниот штаб.
ФОТО: ФК ШКУПИ