Шкупи не се плаши од Пјуник: Нашиот тим има срце!

by fokus

Прволигашот од Чаир, Шкупи, денеска го игра својот прв квалификациски меч од Лигата на Европа против ерменски Пјуник на гостински терен.

Пјуник ја има фаворитската улога на овој натпревар, но тимот од Чаир порача дека не се плаши од противникот.

„Работевме добро за овој меч. Јас верував во овие играчи и напорно работевме да стигнеме до овој момент. Мојот тим има силен карактер, срце и талент. Знаеме дека противникот е одличен тим, но фудбалот се игра на терен. Верувам во моите играчи и имаме шанси за успех“, истакна тренерот на Шкупи, Умит Каран.

Мечот се игра денеска во 15.30 часот во Ереван, додека пак реваншот е е наредната седмица во Скопје.

Поврзани новости