Шкријељ со фотографија ја демантира Мизрахи дека во МТСП има табла со новото име

by Fokus
Санела Шкријељ, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика  објави фотографија од Министерството за труд и социјална политика, на која се гледа дека во Министерството има табла со новото уставно име. Претходно  техниичката министерка Рашела Мизрахи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, тврдеше дека во Министерството има само една табла, со старото име.

„За тоа колку може и треба да се верува на техничката министерка. Ова е фотографија која докажува дека Рашела не ја кажува вистината. Во министерството се обезбедени сите услови за оддржување прес конференции во согласност со Уставот“, напиша Шкријељ.

Поврзани новости