Шкријељ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да прашаат како со професорска плата до милионски имоти

by Fokus

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го прашаат својот претседател како со професорска плата се стигнува до милионски имоти, истакна од собраниската говорница пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ.

Пратеничката Шкријељ го цитираше Мицкоски, кој како што рече самиот во едно интервју дека многу тешко се живее и дека бил погоден од инфлацијата, затоа што живеел од професорска плата и едвај скрпувал крај со крај.

„Сите професори и наставници би сакале да знаат како тоа со просечна професорска плата се стигнува до имоти со вредности од милионски суми и во Скопје и надвор од Скопје и како се стекнуваат бизниси кои вредат по 11 милиони евра“, нагласи пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ.

Поврзани новости