512
Вчера имало обид за физичка пресметка со пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска. Ова го истакна денеска пратеничката од владејачката партија, Санела Шркијељ, која додаде дека обидот за физички напад бил од пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера се случи еден таков испад, кој сакам да остане запишан во стенограмите на Собранието затоа што не беше говор на омраза туку беше обид за физичка пресметка со колешката Жалкина Лазаревска, не само вербален атак, туку обид за физичка пресметка со жена пратеничка се случи вчера во ова Собрание“, рече Шкријељ.