Во моментот министерството за труд и социјална политика заедно со Обединетите нации започна со процес на ревизија на учебниците во основото образование кои се полни со родови стереотипи, рече во вечерашното гостување на ТВ 24 дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика од СДСМ, Санела Шкријељ.
-Во меѓувреме додека се случуваат тие трансформации, потребни се сет мерки институциите да реагираат на жените да им се обезбедат еднакви можности на услуги и можност за споделување на домашните обврски. Не можеме да очекуваме жените да бидат активни во јавниот живот доколку се преоптоварени со домашните обврски. Работиме на отварање на нови работни места, првенствено наменети за жените. Помеѓу останатите мерки најважна е онаа за зголемување на минималната плата. Минимална плата земаа вработените во индустриите каде најзасатепни се жените како текстилната индустрија, вели Шкријељ.