689
Властите во Шкотска од синоќа забранија групирање во домови во Глазгов поради пораст на бројот на заразени од корона вирус.
Жителите на Глазгов, Вест Данбартоншајр и Ист Ренфрушајр не смеат да во своите домови да примаат луѓе кои не се дел од нивното семејство, ниту смеат да одат на посета едни со други.
Оваа одлука ќе трае две седмици, а причина е тоа што заразата се шири токму во домовите во оваа земја, пишува Гардијан.