„Шкотска и ирска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel –келтски дух, музика и традиционални специјалитети

by Fokus

Limak Skopje Luxury Hotel подготвува ново доживување за сите што трагаат по возбудливи вкусови и се подготвени да истражуваат различни национални кујни и култури. На 29 март во хотелот ќе се одржи „Шкотска и ирска вечер“ на која присутните ќе пробаат типични јадења од овие две земји и ќе се забавуваат со шкотските и ирските мелодии.

Дел од менито ќе бидат шкотска пита со месо, риба и чипс на шкотски начин, шкотски ќофтиња и колбаси, ирски плескавици од компир, ирска говедска чорба, ирски леб со компир и лук, како и вкусен ирски десерт со чоколадо и традиционален шкотски десерт со малини. За подготовката на овие вкусни специјалитети ќе се погрижи искусниот тим на готвачи на Limak Skopje Luxury Hotel, додека понудата на пијалаци ќе вклучува и селекција на различни типови на виски од двете земји, познати по својата богата традиција на производство на овој пијалак.

Ирците и Шкотите се нарекуваат и сестрински народи затоа што освен заедничкото келтско потекло делат и други заеднички карактеристики. Меѓу нив се галскиот јазик, прекрасните природни пејзажи, но и ведриот дух, посебниот шарм и пријателски однос кон сите со кои стапуваат во контакт. Овие особини лесно се пронаоѓаат и во звуците на нивната традиционална музика, која ќе биде дел од специјалната „Шкотска и ирска вечер“, а во етно стил ќе ја изведува бендот „Lorekeepers Guild“.

Несекојдневната „Шкотска и ирска вечер“ ќе се одржи на 29 март со почеток во 21.00 часот во Sky Lounge Bar на шестиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат сите дополнителни информации.

ПР

Поврзани новости