89
Новиот претседател на шкотската партија СНП – Џон Свини (60), денеска во шкотскиот парламент беше избран за нов шеф на шкотската влада, на местото на Хумза Јусаф.
Еден ден откако го наследи како лидер на партијата за независност, Свини стана третиот премиер на Шкотска за нешто повеќе од една година.
Тој доаѓа на местото на Хумза Јусаф (39), кој поднесе оставка минатата недела по распадот на коалицијата со Зелените. Тие беа воздржани од гласање.
Изборот на Свини не е изненадување. Тој освои 64 од 129 гласови во парламентот каде Шкотската национална партија има големо водство пред опозициските партии, но нема апсолутно мнозинство.
Тој допрва треба да положи заклетва пред Врховниот суд.