Шкендија загуби и од Дудаланж

by fokus

Шампионот на Македонија, екипата на Шкендија од Тетово, е поразена вечерва на домашен терен од Дудаланж со резултат 1:2.

По елиминацијата од Лигата на шампионите, од Номе Каљу, црвено-црните и натаму потфрлуваат овој пат со пораз од луксембуршката екипа Дуделанж на првиот натпревар од второто коло на Лига Европа. 

Македонскиот шампион прв го отвори резултатот преку Агим Ибрахими во 7 минута, кој голот го постигна од белата точка, а со тој резултат заврши и првото полувреме. Во второто полувреме, нашите фудбалери потфрлија и за само четири минути примија два гола за пресврт на натпреварот. Првиот гол за гостите го постигна Адел Бетаиб во 64-тата и Даниел Синани од пенал во 68 минута.  

За една недела се игра реваншот во Луксембург, во кој актуелниот шампион на Северна Македонија влегува со негатива од еден гол, но и со голема желба за постигнува добар резултат, свесни дека тој ќе им биде последна шанса за продолжување на настапите на годинешните европски натпревари. 

Поврзани новости