890
Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија соопшти попладнево дека прволигашката сезона ја продолжува без услугите на својот најдобар стрелец Бесарт Ибраими.
Најдобриот голегетер во историјата на Шкендија го напушта тетовскиот клуб, откако двете страни постигнале заемен договор за прекин на соработката.
– Ти благодариме за сè што направи за нашиот клуб, Бесарт. Ти благодариме за сите убави моменти и твојот придонес во дресот на Шкендија и ти посакуваме многу успеси во натамошната фудбалска кариера, соопшти актуелниот македонски првак.
„Кралот на головите“ го носеше дресот на Шкендија од 2015 година, постигнувајќи 145 погодоци во сите натпреварувања за клубот од Тетово.