Шкендија не смее да се опушти пред реваншот со Номе Калју

by fokus

Екипата на Шкендија утре во Скопје го игра реванш дуелот од првото квалификациско коло за ЛШ против Номе Калју, откако првиот меч во Талин го доби со минимални 1:0.

На пресот пред утрешниот дуел, тренерот на тетовци, Ќатип Османи ијзави дека резултатот од првиот натпревар не гарантира пласман во следното коло и дека натпреварот треба сериозно да се сфати.

– Не очекува реванш со Номе Калју, а неделава ги анализиравме грешките што ги направивме во првиот меч. Се надеваме дека ќе се најдеме во следната рунда, но резултатот од Талин не е никаква гаранција. Резултатот од првиот меч ни дозволува да тактизираме, но не мора да биде пресуден, вели Османи.

Натпреварот меѓу Шкендија и Номе Калју се игра утре на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, со почеток од 17 часот.

При евентуален триумф, македонскиот тим во 2. коло го очекува шкотски Селтик, кој по првиот меч има предност од 3:1 против Сараево.

Поврзани новости