Сопственикот на актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, Лазим Дестани, изрази незадоволство од нивото на настапите и славите резултати на неговиот клуб кои бележат разочарувачки пад кој не треба да продолжи понатаму.
Дестани во соопштението до јавноста истакнува дека во последните настапи не ја гледаме таа Шкендија која сме навикнале да ја гледаме последниве години, односно наместо екипата да напредува со своите успеси, се случи спротивното.
Елиминацијата од европските натпреварување и лошиот старт на сезоната во домашната лига, е причина поради која сопственикот на тетовскиот клуб формира стручна работна група со цел разгледување на состојбата во клубот за да се утврдат сите движења и промени кои треба да се направат во сите сектори на клубот.
Дестани очекува за неколку дена оваа стручна работна група да ја заокружи работата, како што рече, со цел Шкендија да се врати во својата најдобра форма за да ја продолжи трката во домашното првенство.