438
Распишувањето на избори после распуштање на парламентот е кршење на Уставот бидејќи со тоа веќе е завршен и самиот мандат на пратениците и на претседателот на Собранието, вели универзитетскиот професор Светомир Шкариќ во интервју за телевизијата 24 Вести.
– Со распуштањето на Парламентот престанува мандатот на сите пратеници, но и мандатот на сите фунционери вклучувајќи го и претседателот на Собранието и потпрестедателот. Тоа значи дека ние во овој момент немаме претседател на Собранието, па затоа и немаме субјект кој ќе ги распише изборите. Претседателот требаше прво да го потпише решение за изборите, а потоа да го распушти Собранието – вели Шкариќ.