500
Двесет и четиригодишник фрлил шише со запалива течност пред куќата на стружанец, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 19.30 часот во куќа на ул. „Муртеза Татар“ во Струга, сопственост на А.Р. (63) од Струга, од страна на М.Ш. (24) од Струга било фрлено пластично шише со непозната запалива течност, при што била оштетена влезната врата. Полициски службеници излегле на местото на настанот, по што бил обезбеден и приведен М.Ш. за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.