Поранешниот претседавач со Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, ја прокоментира одлуката на СДСМ поранешниот градоначaлник, Андреј Жерновски, да стане член на Централниот Одбор на партијата. Според Шиповиќ, Жерновкси не ја заслужува таа позиција.
„Баш ме интересира со што Жерновски го задужи СДСМ? Што Жерновски направи за членовите на СДСМ-Центар. Вработување 5 ЛДП од кои 2 на раководни функции, 7 СДСМ сите курири, заврши ли некому работа? Сослуша ли некого? Напротив, се однесуваше со толку потценување кон и за членовите на СДСМ Центар. А да, имаше мерак за шетање по светот со општински пари“, напиша Шиповиќ на својот фејсбук профил.
Освен Жерновски, во ЦО на СДСМ влезе и Чедомир Саздовски, претходно пратеник на ГРОМ, а сега независен пратеник. Жерновски, пак, треба да добие и јавна функција, па, според информации на Фокус, како една од можните се споменува и атрактивното директорско место во Агенцијата за електронски комуникации.