Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, денеска ја повлече оставката која ја најави вчера. Повлекувањето на оствката уследи откако тој оствари кратка средба со градоначалникот Андреј Жерновски.
Комисијата за избори и именувања при општина Центар денеска заседаваше по одлуката на Шиповиќ да поднесе оставка, а но претставници на работната група на СДСМ побара да се повлечат првите три точки од новата седница и апелираа Жерновски и Шиповиќ да најдат заеднички јазик и се надминат пречките за нормалното функционирање на Советот.
По апелот, Шиповиќ го повика Жерновски за разговор надвор од салата каде заседава комисијата, а пет минути подоцна и двајцата се вратија и побараа продолжување на седницата. Тогаш Шиповиќ ги повлече точките кои се однесуваа на неговата оставка и со тоа ја повлече оставката.