Шипиќ со гол во последна секунда ја однесе Хрватска во полуфинале на СП2025

by Fokus

Хрватските ракометари се првите полуфиналисти на Светското првенство.

Во Загреб, по голема драма и пресврти, Хрватите ја совладаа Унгарија со 31:30.

Решавачкиот гол го постигна Шипиќ во последната секунда.

Хрватска беше на работ од бездната, бидејќи Унгарците во финишот имаа четири гола предност. Но, носени од публиката во „Арената“, домашните ракометари ја добија серијата со 6-1 и влегоа во борбата за медали.

Хрватска во полуфиналето го чека победникот од пресметката меѓу Франција и Египет.

Во вториот дел од ждрепката одиграна во Осло, во среда во четвртфиналето ќе се сретнат Данска – Бразил и Португалија – Германија.

Поврзани новости