Схинас: Македонија испорача се, сега е време за следниот чекор – отворање на кластерите, по уставните измени

by Fokus

Северна Македонија, како и сите земји од регионот, се цврсто на патот кон ЕУ. Процесот на европеизација на Балканот е неповратен. Сега е моментот кога регионот треба да биде европеизиран, наместо ЕУ да биде балканизирана, како што многупати се случувало во минатото, вели потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас во изјава за МИА.

Според Схинас, повеќето земји се сега цврсто на патот кон членство во ЕУ.

„Северна Македонија е пример каде што мислам дека ЕУ не беше секогаш многу фер, бидејќи побаравме многу различни работи, а вие ги испорачавте. Сега треба да преминеме на следното поглавје, а тоа е отворање на преговорите по поглавја и затворање на овие поглавја откако ќе ги спроведете уставните измени на кои се обврзавте. Значи, сè на сè, позитивен момент за Северна Македонија“, додава Схинас.

 

Поврзани новости