Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија рече дека не им се налути на скопјани што не му дадоа шанса за втор мандат. Смета дека нема амбиции за повторно да се кандидира за градоначалник. Со низа критики за актуелното градско раководство.
„Јас живеам во Скопје, жал ми е што не можам да најдам добри зборови за актуелнава градска администрација. Преку 6 месеци не работеа приватните автопревозници, зборував за целосна реформа на градскиот транспорт. Мислам дека премногу лесно во македонската политика се даваат ветувања. Првпат во историјата на Град Скопје имавме штрајк во јавен превоз, првпат штрајк во Комунална хигиена. Тие процеси се одговорност на актуелното раководство, не на претходниците“ вели Шилегов.
Тој вели дека „Данела Арсовска беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, дали тие потоа имале личен конфликт мене како граѓанин не ме интересира, Владата на било кое ниво е должна определени трансфери да ги направи“.
„Парите беа исти и претходно и сега, секогаш било исто, проблемот е во менаџирањето“ смета Шилегов.