Шилегов за случката во ТЦ „Скопјанка“ : Во таква состојба не можете да бидете нем сведок, без оглед што немате ингеренции

by fokus

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изјави дека за вчерашниот случај со евакуираните жители од ТЦ „Скопјанка“, за жал Градот нема многу законски надлежности во таа процедура. Тврди дека морал да преземе се како човек и како градоначалник за да биде сигурен дека луѓето ќе можат да се вратат безбедно во нивните домови.

– Во таква состојба не можете да бидете нем сведок, без оглед што немате ингеренции како градоначалник. Видовте дека јас бев присутен таму се додека не се обезбеди безбеден влез на луѓето во домовите. Тој влез има 48 стана. Без да ги испитате сите постапки и протоколи за да ги вратите луѓето безбедно во нивните домови едноставно е неодговорно. Морав да преземам се како човек, па и како градоначалник да бидам сигурен дека луѓето кои живеат во тој влез ќе можат безбедно да се вратат во нивните домови, рече Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање пред порта „Македонија“.

Појасни дека во Република Македонија имаме два система кои можат да испитаат токсини во водухот, едниот е во рамки на Центарот за управување со кризи, сместен во Велес,  а вториот е во рами на АРМ и е сместен во касараната „Петровец“.

– Бидејќи неоколку часови луѓето стоеја пред влезовите за нас побрзото решение беше да се активира оваа единица. На моја молба се спроведоа сите армиски процедури и се дозволи присуство на таа единица која констатира зголемено присуство на амонијак во критичниот стан, рече Шилегов.

Поврзани новости