Шилегов за изјавата на бугарската министерка за Тито: Ставот на Захариева е глупост!

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во интервју за бугарската ТВ Европа оценува дека шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, со нејзините ставови и изјави бара алиби за сопствената глупост.

Неговото интервју доаѓа по изјавите на Захариева дека не може држава која го чествува „еден од најмрачните диктатори“, Јосип Броз Тито, да има место во ЕУ, како и по нејзините забелешки дека Шилегов во петокот покрај Денот на ослободување на Скопје, одбележувал и 40 години од смртта на Тито.

Коментирајќи го ова, скопскиот градоначалник порачува дека таквиот став е глупост, а во Скопје не се случило ништо друго освен отворање на изложба на белградскиот музеј на Тито.

„Изместувањето на тезите е всушност барање на алиби за глупоста. Секоја глупост последователно бара алиби. Ставот на госпоѓа Захариева е ништо друго освен глупост. Сега обидувајќи се да ја спаси позицијата на Бугарија, ќе се обидуваме да ги известуваме тезите. Она што се случи во Скопје на 13 односно на 14 ноември е дека се отвори изложба која беше дојдена од Белград од поставката на постојниот музеј на Јосип Броз и ништо повеќе. Меѓутоа сега барајќи алиби за сопствената глупост едноставно ќе ги известуваме тезите, ќе ставаме во контекст и ќе правиме обиди да објаснуваме необјасниви позиции на Република Бугарија во однос на почетокот на преговорите на Република Северна Македонија за полноправно членство со ЕУ“, вели Шилегов.

Поврзани новости