Шилегов за инцидентот на галијата: Има работа за обвинителството

Се врши кривично дело, вели за Фокус поранешниот скопски градоначалник.

by Фокус

Има работа за надлежните институции, вели поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов во однос на инцидентот на скопската галија, каде лице, претставувајќи се како сопственик, ги брка работниците додека го уриваат.

-Јас сум обичен граѓанин. Сметам дека има работа за полицијата и, пред се, за обвинителството, бидејќи се врши кривично дело – изјави за Фокус Шилегов, додавајќи дека има извршна клаузула за уривање на објектот.

Инаку, неговото име го споменува лицето што го снима видеото и ги брка работници, велејќи им да си одат зашто Шилегов загубил на изборите. Како што е познато, уривањето на објектот го иницираше Град Скопје додека градоначалник беше Шилегов.

ВИДЕО Избркани работници при уривање на галијата

В.С.

Поврзани новости