433
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека количината на исечени дрва на Водно за трасата на гасоводот ќе биде колку што во град Скопје се трошат дрва за греење за еден ден во грејна сезона.
-Или од вкупното зеленило на Водно ќе биде исечено 0.07 отсо, рече Шилегов.
Тој рече и дека за санацијата на ОХИС, односно за чистење на токсичниот линдан кој е таму складиран, се потребни 60 милиони евра, но во санација треба да се влезе со Министерството за животна средина.