Петре Шилегов од СДСМ денеска на пресконференција обелодени документ на кој, според него, се гледа дека е со архивски печат од Владата и потпишан од вицепремиерот Муса Џафери со кој е договорено Владата и Европскиот институт за мир да одржат Конференција за анализа на спроведувањето на Рамковниот договор на 1 декември во Скопје.
-Груевски се обиде да сокрие дека Власта стои зад Конференцијата за анализа на спроведувањето на Рамковниот договор, што треба да се одржи на 1 декември во Скопје. Потпишан е вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, во име на Владата. Сега Никола Груевски мора да излезе и да им објасни на граѓаните на Македонија која е причината за Конференцијата, изјави Шилегов.
Како што рече Шилегов, Груевски измислува приказни за федерализација на Македонија, за да скрие дека Владата стои зад оваа Конференција.