Шилегов: Убеден сум дека членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за мене

by Fokus

Во емисијата „Жешко политичко лето“, на Канал 5 телевизија, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја коментираше одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не излезе со свој партиски кандидат за градоначалник.

„ВМРО-ДПМНЕ се уште нема, народски кажано, три чисти, да излезе пред скопјани со свој кандидат и се крие позади независен кандидат, госпоѓа Арсовска. Јас не знам, и не верувам, дека поддржувачи мои ќе гласаат за госпоѓата Арсовска. Меѓутоа, убеден сум, токму заради тоа што го направивме во нашиот град во изминативе четири години, дека многу, многу членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за мене за градоначалник“, изјави Шилегов.

Поврзани новости