Денес говориме за Дрисла – депонијата која девет години беше симбол на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, најопасен загадувач на воздухот во Скопје и опасност по здравјето на граѓаните. Скопската депонија беше извор на загадување каде се гореше и складираше опасен отпад, а нејзината криминална продажба и управување го доведуваа здравјето на скопјани во ризик, истакна денеска градоначалникот Петре Шилегов.
-Девет години немаше ниту една инвестиција, а ние за година и пол успеавме да набавиме нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА – иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се стави крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето.
Системот за третман на медицински отпад е опремен со шредер што го намалува до 80% неговиот волумен, со сува вакуум пумпа што придонесува за заштеда на потрошувачката на вода и до 98%, како и со систем за заштеда на енергија кој истовремено обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината, истакна Шилегов.