Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во својата прва прес-конференција од изборната кампања изрази уверување дека постигната е целта поставена кога во 2017 ја доби довербата од граѓаните да се смени курсот во кој се движеше градот предводен од ВМРО-ДПМНЕ.
– Покажавме храброст за големи промени, и за само четири години, започнавме проекти кои ги решаваат проблемите на скопјани за следните 50, нагласи Шилегов во оваа прилика.
– Од најзагаден град во светот, Скопје за 4 години драстично го намали загадувањето. Анализите покажуваат дека од година во година дишеме почист воздух, но работа има уште. За кратко време ги исчистивме сите депонии во рамки на ГУП-от и ги претворивме во паркови. Преку силна финансиска поддршка за граѓаните старите печки ги заменивме со клими инвертери. За само четири години во се реновираа сите средни училишта а во секоја училница за учениците има прочистувач за воздух. Денес, Скопје секој денар го вложува во здрава иднина за нашите деца, додава Шилегов.