Шилегов се надева на гласовите од ЛДП и ДОМ

by fokus

Политичкиот сигнал што го испрати коалицијата ЛДП-ДОМ е дека остануваат во политичкото мнозинство, верувам дека добар дел од нивните поддржувачи сакаат да продолжиме заедно да го градиме и развиваме Скопје, изјави градоначалникот Петре Шилегов, кој во вториот изборен круг бара поддршка за нов мандат.

Иако вели дека е да се бара насочување на гласот на граѓанинот, сепак, верува дека добар дел од гласачкото тело на овие партии ќе сака да продолжи поддршката на неговата опција. Тоа значи дека Шилегов се надева и на гласовите од граѓаните кои го дадоа гласот за Бени Шаќири, кандидат за градоначалник на ЛДП и ДОМ, кој кажа дека во вториот круг лично нема да го поддржи Шилегов.

-Скопјани скопјанки, силата е во ваши раце, изберете силно Скопје кое расте и се развива и кое се стреми да ги достигне

ЛДП и ДОМ, кои на овие локални избори настапија одвоено од коалицијата предводена од СДСМ, денеска кажаа дека нема да побараат нивните гласачи да се определат за некој од кандидатите во вториот изборен круг.

Поврзани новости