3
Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, упати остри критики за поранешниот и актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, нарекувајќи ги тезгароши.
„Ај да не се лажеме !!! СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани “лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долеи. Март е пролет !!! Пролет е СДСМ !!!“, се вели во објавата на Петре Шилегов на Фејсбук.