820
Градот Скопје ги презеде сите надлежности и мерки за дивоградбата во Мавровка, посочи денеска градоначалникот Петре Шилегов.
„Ние ги направивме сите чекори. Сега останува на Општина Чаир да изнајде начин за рушење на дивоградбата во центарот на градот. Единственото решение би било градежните инспекторати од општините да се префрлат на градот. Тоа ќе го оневозможи градежното дивеење во Скопје“, истакна Шилегов.