437
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговори на повикот на граѓанската иницијатива „На мегдан“ и ја прифати поканата да одговори на нивните прашања. „На мегдан“ ги повикуваат граѓаните да постават јасни и прецизни прашања кои се под надлежност на Град Скопје.
„Тоа можете да го сторите на платформите Facebook (прашањата мора да бидат public за да можеме да ги видиме) и Twitter, користејќи ги хаш-таговите: #НаМегдан или #NëMejdan. Потсетуваме дека нема да пренесуваме прашања кои содржат навредлив говор или говор на омраза“, се вели во објавата на фејсбук профилот „На мегдан“.