Одлуката на судот да не дозволи како доказ во случајот „Македонска банка“ да биде изведена аудио-снимката, која покажува како се договара продажбата на банката, е скандалозна и дилетантска, оцени Петре Шилегов, портпаторол на опозицискиот СДСМ, чиј лидер Зоран Заев е тужен од страна на премиерот Никола Груевски за навреда и клевета.
– Прво, Груевски преку својот полномошник испорачува, а судот му исполнува што всушност сака да биде доказ и што всушност треба да се случува во оваа постапка. На негово барање, судот донесе одлука да не биде изведена како доказ аудиоснимката, што е клучен доказ. Повеќе од очигледно станува дека тој бега како ѓавол од крст од аудиоснимката и од соочување со реалноста – изјави Шилегов.
Тој додаде дека само судот само за премиерот работи вон работното време и само нему му одговара во рок од 24 часа.