Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница го одби приговорот на ВМРО ДПМНЕ против градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за дадена изјава во време на изборна кампања.
Приговорот на ВМРО ДПМНЕ се однесува на изјава која ја дал Шилегов за отпочнување на градежни работи за пробивање на булеварот АСНОМ. ДКСК утврди дека приговорот не е основан затоа што Шилегов изјавата ја дал како одговор на новинарско прашање.
Шилегов пак во своја одбрана пред членовите на Комисијата рече дека приговорот бил манипулативен.
-Пресот на кој беше дадена изјавата се однесуваше за друго нешто, поточно за кревање на еколошката свест и заштита на животната средина. Јавната набавка за избор на изведувач.е распошана на 24 јануари годинава, понудите се отворени 19 февруари, 26.03 е потпишан договорот. Тоа е генезата. Ова е тип на објект кој е фазен. Претстои изградба на мост и пробивање на пат во Ќерамидница. Јас Партизанска и сега можам да ја реконструирам, имам избран изведувач. Но сметам дека не треба во период на избори тоа да се прави – рече Шилегов.
Комисијата ги одби и четрите други приговори поднесени од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, како партија, учесник/организатор на изборна кампања.
Првиот приговор е против Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, другиот против градоначалник на општина Гази Баба, Скопје, а третиот против градоначалник на општина Шуто Оризари.
Четврдиот приговор поднесен до ДКСК е против градоначалник на општина Кисела Вода.
Маја Васева