Шилегов: Пратениците на ДПМНЕ очајнички се обидуваат да го одложат разрешувањето на Зврлевски, зaштитникот на најголемиот криминал

by Fokus

Процедурата за разрешување на Зврлевски е во целост законска и транспарентна, особено што Собранието е законодавна, а не извршна власт, изјави денеска на прес конференција Петре Шилегов, пратеник од СДСМ, во Собранието на Република Македонија.

–  Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се решени да ја кочат работата на Собранието, да ги блокираат реформите во надеж дека ќе го одложат соочувањето со правдата. Со бесмислените паузи, нелогичните барања за одложување седници и реплицирањето помеѓу себе, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидуваат да го одложат разрешувањето на Марко Зврлевски, заштитникот на најголемиот криминал во изминатите 11 години. Во таа насока е и денешното апсурдно барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, точката за разрешување на Зврлевски да се одложи за по локалните избори – истакна Шилегов.

 

Поврзани новости