„Ние немавме дилеми. Ама да му помогнеме на обвинителот Зврлевски и тој да нема дилеми. Гласот е на Никола Груевски“, рече Шилегов, додавајќи дека вештачењето на аудио снимката е направена во Белград од страна на овластен судски вештак од областа на информатичка технологија.
Од СДСМ вештачењето го доставија до Јавното обвинителство, истакнувајќи дека обезбедиле уште еден доказ за случајот „Македонска банка“.
„Се надеваме дека ова вештачење од релевантна институција ќе му ја олесни работата на јавниот обвинител Зврлевски. Порачуваме дека обвинителот, кој прима плата од народот, е должен да не се раководи од тоа кој го поставил на позицијата, туку да постапи во интерес на граѓаните на Република Македонија. Еве потврда. Обвинителе вие сте на потег да го прекинете молкот и да отворите случај за Никола Груевски“, рече Шилегов.
Тојобјасни дека Груевски го договорил поткупот од 1.5 милиони евра за продажба на Македонска банка.
„Груевски договорил уште 900.000 евра извлечени на рати во кеш. Лично тој Никола Груевски кој вчера доби мандат да прави уште една Влада, е вмешан во корупција и криминал“, заврши Шилегов.