Шилегов: Оваа ненормална нормалност ќе трае уште една година

by Фокус

Оваа нова ненормална нормалност ќе трае уште една година, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на ТВ 21.

-Попуштањето на мерките кај граѓаните предизвикува преголема опуштеност. Преголемата опуштеност ја гледаме секојден на улиците, а тоа е да имаме масовно непочитување и на препораките и на уредбата донесена од Владата за тоа дека граѓаните се должни да носат лична заштита – посочи Шилегов.

Тој истакна дека не постои мерка којашто било која институција може да ја донесе доколку, како што изјави, граѓаните не се сојузници во имплементација на мерките.

Поврзани новости