Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, на социјалната мрежа фејсбук појасни дека на паркинг зоните ќе се обележат и места за мотори и дека оваа услуга првата година ќе биде бесплатна, откако во јавноста се појави информација дека отсега ќе се наплаќа паркинг и за моторите.
„ЗА МОТОРИТЕ И МОТОРЏИИТЕ
Некогаш не можам да се изначудам на извитопереноста на дел од опозициските умови. Не знам зошто секогаш имаат потреба да ги извртуваат работите и безочно да ЛАЖАТ со цел и најдобрите намери ги прикажат со или во некаква црнина.
Градот Скопје, на ПОСТОЈНИТЕ паркинг зони, ќе означи места за паркирање на моторите. Даваме МОЖНОСТ луѓето кои ги користат овие превозни средства, да можат своите мотори безбедно да ги остават на паркинзите. Особено што голем дел од нашите граѓани, во пролетно/летниот период ги користат моторите да стасаат до своите работни места и мака мачат каде да ги остават за време подолгиот престој. Оваа услуга во првата година ќе се нуди БЕСПЛАТНО.
Олабавете опозиционери. Скопје, сакале вие или не, лека полека станува европски град.
А што се однесува до моторџиите: ride with the wind, напиша градоначалникот Шилегов на својот фејсбук профил.