570
Градоначалникот Петре Шилегов вели дека за објектот кај Мавровка не е платена легализација, како што тврди сопственикот, односно ја демантира неговата изјава дека се платени комуналии и дека објектот е легален.
-Ако платил комуналии тогаш објектот е легален, ама нема платено. Не знам дали платил надоместок за приватизација на земјиштето, што е главниот проблем, бидејќи ако е така, продажбата се одвивала во организација на централната власт, а во тој случај 80 проценти од средствата од продажбата одат кај централната власт. Мене ми е криво што дојде до изградба на ваков објект, но ова нека биде пример за сите кои сакаат да профитираат на сметка на легалните инвеститори, кои плаќаат данок кон државата, рече денеска Шилегов.