441
Проектот „Скопје 2014“ претставува закана за граѓаните на Република Македонија, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
-Овој проект не само што не го разви туризмот, туку и претставува опасност за граѓаните. Со само два дена дожд, можеме да ги видиме последиците од овој проект на минатата власт, а тоа е истекување на реката Вардар и прокапување на театрите и музеите – рече Шилегов.
Тој изјави дека насобраниот отпад од реката Вардар е веќе исчистен, а се средуваат и останатите последици од дождот.