Шилегов најави поевтино парно за корисниците на топланата Скопје Север

by fokus

Градоначалникот Петре Шилегов за следната грејна сезона најавува поевтино парно греење за високи 20-30 проценти за приклучените на топланата Скопје Север.

Во неговото вечерашно интервју за емисијата „360 Степени“, на Алсат, Шилегов рече дека најпрвин целта на градот е добивање лиценца за дистрибуција на топлинска енергија, којашто очекува да биде одобрена до крајот на годинава, по што, следната пролет ќе започнело поставување на цевковод. Тој веќе најави дека се работи на спојување на трите топловодни мрежи БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Топлана Север.

Како што рече Шилегов, тоа е една од трите мерки на градот против големото загадување на воздухот.

Поврзани новости