Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ги покани сите граѓани на утрешното отворање на Винтерленд и на палење на светилките на новогодишната елка.
Исто така, тој најави и обид за уривање на Гинисов рекорд на 21 декември, без да даде повеќе информации.
-Почитувани и драги мои скопјани, Ве повикувам утре вечер на палење на светилките на Новогодишната елка и официјалното отварање на Винтерленд. Програмата почнува утре вечер во 17.30. Елката ја палиме во 19.30 часот. Секој е пожелен и добредојден. И да… на 21 декември, сите ние заедно, ќе се обидеме да направиме нов Гинисов рекорд на Винтерленд. Ве молам, внимателно пратете ги информациите за 21-ви декември. Нашето Скопје и Вие, скопјани, гинисови рекордери. Скопје на светската мапа, напиша Шилегов.